Green Day
Green Day | |
---|---|
Green Day изведуваат , 2013. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Ист Беј, Калифорнија, САД |
Жанрови | Панк рок, поп панк, алтернативен рок |
Период на активност | 1987–сега |
Издавачи | Lookout!, Reprise |
Соработници | The Lookouts, Pinhead Gunpowder, The Frustrators, The Network, Foxboro Hot Tubs, Rodeo Queens, Isocracy |
Мреж. место | greenday.com |
Членови | |
Били Џо Армстронг Мајк Дирнт Тре Кул | |
Поранешни членови | |
Џон Кифмејер |
Green Day (се чита: Грин Деј) e името на американската панк-рок група формирана во 1987 година. Бендот се состои од главниот вокал и гитарист Били Џо Армстронг, басистот и следечкиот вокал Мајк Дирнт и од тапанарот Тре Кул. Кул го заменил Џон Кифмејер во 1990 година, за време на снимањето на вториот студиски албум на бендот Kerplunk и од тогаш до сега тој е член на бендот.
Green Day оригинално е дел од панк сцената во 924 Gilman Street, во Беркли, Калифорнија. Раните издавања на бендот за независната издавачката куќа Lookout! Records, го привлекла вниманието на публиката. Во 1994 година нивниот дебитантски албум Dookie, кој го издала голема издавачка куќа го означил првиот голем успех на бендот, со повеќе од 10 милиони продадени копии во САД. Како резултат на тоа Green Day добиле многу пофалби, заедно со другите панк групи од Калифорнија The Offspring и Rancid за оживувањето на интересот на мејнстрим публиката за панк музика во САД. Нивните три следни албуми, Insomniac, Nimrod, и Warning не биле толку успешни како Dookie, но сепак и тие имале свој успех. Нивниот албум и рок опера од 2004 година American Idiot, им донел популарност меѓу младата публика и продадени се повеќе од 5 милиони копии во САД. Осмиот студиски албум на групата 21st Century Breakdown е издаден во 2009 година.
Групата има продадено повеќе од 60 милиони плочи од кои само 22 милиони се во САД, а нивната работа влијаела на познатите панк-рок групи како Sum 41 и Good Charlotte. Green Day имаат освоено три Греми награди за најдобар алтернативен албум (Dookie), најдобар рок албум (American idiot) и песна на годината (Boulevard of Broken Dreams).
Историја
[уреди | уреди извор]Формирање и Lookout! годината (1986—1993)
[уреди | уреди извор]Во 1987 година, пријателите од детството Били Џо Армстронг и Мајк Дирнт, кои имале по четиринаесет години оформиле двочлена група наречена Sweet Children. Првиот настап на групата бил на 17 октомври 1987 година во локалот Rod's Hickory Pit (Валиехо, Калифорнија) каде што мајката на Армстронг работела како конобарка. Кон крајот на 1989 година Армстронг, Дирнт и Џон Кифмајер, познат под псевдонимот Al Sobrante го оформиле бендот Green Day. Тие го избрале тоа име на групата поради нивната наклонетост кон марихуаната. Green Day за првпат настапувале во двориштето на јуниорскиот колеџ Kontra Kosta (Contra Costa Junior College) во Сан Пабло, Калифорнија.
Наскоро Лари Ливермор, власникот на независната дискографска куќа Lookout! Records, ѝ понудил на групата договор откако ги слушнал како свират. Нивниот настап според него личел на настапот на групата The Beatles на стадионот Шеј (Shea Stadium). Кон крајот на 1989 го издале својот прв макси сингл 1000 Hours, a после тоа следувал и нивниот прв албум 39/Smooth во почетокот на 1990.
На омотот на овој албум освен песните, било напишано и некое измислено писмо со кое наводно големата дискографска куќа I.R.S. Records ги повикува да потпишат договор. Во испратениот одговор на ова измислено писмо, групата изјавила дека е верна на издавачката куќа Lookout! Records!. Таа година тие издале и два други макси синглови: Slappy i Sweet Children, од кои во вториот сингл од овие два била вклучена и постарата песна снимена за дискографската куќа Skene Records од Менаполис, Минесота. Во текот на 1991 Lookout! Records го издал 1,039/Smoothed Out Slappy Hours, компилација од EP албумите 39/Smooth, Slappy и 1000 Hours. Кон крајот на 1990 година, набрзо после турнејата на групата по Америка, Ал Собранте се преселил за ад може да заврши колеџ.
Тогаш тапанарот на групата The Lookouts, Тре Кул ѝ се придружил на групата отпрвин како привремена замена, а кога станало јасно дека Собранте не планира да се посвети на музиката, работата на Тре Кул станала трајна. Поголемиот дел од 1992 и 1993 година групата го поминала и имала неколку настапи во Европа. Тие биле водечка група на настапот во клубот Hollywood Palamino во 1992 година, заедно со групите Jughead's Reveng и Strung Out каде што одржале концерт кој ќе стане легендарен. Од албумот Kerplunk продадени се 50 000 примероци во САД што за панк сцената во 1992 се сметало за голем успех. Тиражот на албумот на крај достигнал бројка од два милиони примероци ширум светот.
Пробивање(1994—1996)
[уреди | уреди извор]Дискографија
[уреди | уреди извор]- 39/Smooth (1990)
- Kerplunk (1992)
- Dookie (1994)
- Insomniac (1995)
- Nimrod (1997)
- Warning (2000)
- American Idiot (2004)
- 21st Century Breakdown (2009)
- ¡Uno! (2012)
- ¡Dos! (2012)
- ¡Tré! (2012)
- Revolution Radio (2016)
- Father of All Motherfuckers (2020)
- Saviors (2024)
Членови
[уреди | уреди извор]- Били Џо Армстронг : гитара, главен вокал (од 1989)
- Мајк Дирнт : бас, вокал (од 1989)
- Тре Кул : тапани, вокал (од 1990)
Членови на турнеите
[уреди | уреди извор]- Џејсон Вајт : Гитара, следечки вокал (од 1999)
- Џејсон Фриз : клавир, клавијатура, тромбон, саксофон, хармоника, акустична гитара, вокал во позадина (од 2003)
- Рони Блејк : труба, тимпани, перкусије, заден вокал (од 2004)
- Габријел Макнер : тромбон, тенор саксофон (1999—2001)
- Курт Ломилер : труба, тимпани/перкусије, следечки вокал (1999—2004)
- Мајк Пелино : гитара (од 2005)[1]
Музичари на албумите
[уреди | уреди извор]- Роб Кавањо — клавир (на снимањето на албумот -American Idiot)
- Петра Хејден — виолина (на снимањето на албумот -Nimrod)
- Габријел Макнер — тромбон (на снимањето на албумот -Nimrod)
- Стивен Бредли — труба (на снимањето на албумот -Nimrod и Warning)
Поранешни членови
[уреди | уреди извор]- Ал Собранте - тапани (1989—1990)
Наводи
[уреди | уреди извор]
|