5 октомври
Изглед
5 октомври — 278-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (279-и во престапна година). Остануваат 87 денови до крајот на годината.
декември 25 годиниве |
Настани:
1502 | На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. |
1582 | Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати. |
1864 | Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви. |
1910 | Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република. |
1912 | Потписничките на Балканскиот сојуз — Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција — ѝ предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна. |
1915 | Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили. |
1962 | Во Велика Британија е прикажан првиот филм со Џејмс Бонд — „Д-р Но“. |
1991 | Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02. |
1994 | Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во Националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. |
1995 | Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. |
1997 | Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. |
2007 | На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25.000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата. |
Родени:
1695 | Џон Глас — шкотски министер. |
1703 | Џонатан Едвардс — американски свештеник. |
1820 | Дејвид Вилбер — американски политичар. |
1901 | Џон Алтон — американски кинематограф. |
1907 | Рагнар Нурске — естонски економист. |
1908 | Џошуа Логан — американски филмски режисер и писател. |
1925 | Бил Диксон — американски џез-музичар. |
1930 | Павел Попович — советски космонаут. |
1936 | Вацлав Хавел — чешки писател и политичар. |
1940 | Милена Дравиќ — српска театарска и филмска глумица. |
1951 | Боб Гелдоф — ирски рок-музичар. |
1960 | Карека — бразилски фудбалер. |
1966 | Инеса Кравец — украинска атлетичарка. |
1971 | Маурисио Пелегрино — аргентински фудбалер и тренер. |
1976 | Никола Рицоли — италијански фудбалски судија. |
1975 | Кејт Винслет — англиска глумица. |
1986 | Руј Кошта — португалски велосипедист. |
1986 | Никита Курбанов — руски кошаркар. |
1989 | Даниеле Рато — италијански велосипедист. |
Починале:
1565 | Лодовико Ферари — италијански математичар |
1606 | Филип Депорт — француски поет |
1880 | Жак Офенбах — француски композитор од германско потекло кој се смета за „татко на операта“. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“. |
1926 | Мари Јасаи — унгарска глумица. |
1933 | Рене Адоре — француска глумица. |
1934 | Жан Виго — француски режисер. |
1957 | Хосе Леандро Андраде — уругвајски фудбалер. |
1986 | Мајк Бургман — австралиски тркач. |
Празници:
Светски ден на учителите |