FEROINVEST DOO

FEROINVEST DOO

Renewable Energy Semiconductor Manufacturing

From Idea To Energy

About us

FEROINVEST offers turn-key solutions for hydropower projects including: - Feasibility studies; - Due diligence reports; - Detailed design projects for HPP’s (civil works, architecture, electro-mechanical); - Designing and manufacturing of electro-mechanical equipment; - Designing of HPP automation; - Optimization of solution for connecting to the distributive network; - Installation, testing and commissioning of the equipment; - 24/7 monitoring of the HPP’s; - Maintenance; FEROINVEST is a group of several companies in renewable energy sector, established in 2003 with over 1000 employees. - BRAKO o metalworking industry (located in Veles, Macedonia and Panchevo, Serbia); - Energy Maintenance Solutions (EMS) o Designing, installation, testing, commissioning, monitoring and maintenance of HPP electro-mechanical equipment; o inspection body that is performing periodic and annual testing of electrical equipment and electrical power plants; o ISO 17020 certificate of technical inspection and periodic testing of power plants and electrical equipment, including: Generators, Engines, Power Transformers, Instrument Transformers, Switches, Surge Arresters, Condensers, Lightning Protection and Grounding, Relay Protection, Batteries, Electrical Installation, etc.; o Parametrization and testing of numerical relay protection; - Aquawatt o leading designing and planning office in Macedonia, specialized in the design and implementation of small hydropower plants; o over 130 detail design projects for HPP’s; o feasibility studies and due diligence reports We are market-leader in Hydropower solutions, owner of 25 small HPP’s in Macedonia with installed power of 22,7 MW. So far, we have successfully delivered and commissioned electro-mechanical equipment for over 40 projects in Macedonia, Kosovo, Georgia, Montenegro.

Website
http://www.feroinvest.mk
Industry
Renewable Energy Semiconductor Manufacturing
Company size
1,001-5,000 employees
Headquarters
Skopje
Type
Privately Held
Founded
2003

Locations

Employees at FEROINVEST DOO

Updates

  • Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино 📍 ℹ️ Инженери од реномираното стручно здружение МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино, заедничка инвестиција на фирмите Централинвест-Скопје, Агриа-Велес и АСПП-ПАК-Охрид. Инженерите од МАКО СИГРЕ, кои работат во различни делови од електроенергетиката во земјава, се интересираа за технологијата на работа на биогасната електрана, опремата која е вградена, нус производите од процесот на производство на електрична енергија, како и за предизвиците во работењето на оваа се уште нова технологија на нашите простори. 👉🏻 Раководните лица на електраната, која е лоцирана на територија на општина Лозово, ги запознаа инженерите со сите фази на произвдството во биогасна електрана, од складирањето на силажа и обезбедувањето отпад со кои се полни дигесторот, биохемискиот процес на вриење при кој настанува гасот метан, неговото складирање во посебен простор, спроведување на гасот и негово согорување без загадување на воздухот во процесот на производство на електрична енергија, и на крај нуспродуктите кои остануваат: течно земјоделско ѓубриво и хумус. Биогасните електрани се вистински пример на циркуларна економија и затворен производствен процес со нула отпад. ♻️ ✅ Централинвест, сестринската фирма на ФЕРОИНВЕСТ, останува општествено одговорна и посветена на зајакнување на стручните знаења на инженерите и споделува заеднички вредности со МАКО СИГРЕ, а тоа се приближување на академската заедница, индустријата и сите останати чинители во електроенергетскиот сектор и размена на знаења и искуства меѓу нив. #feroinvest #biogas #makosigre #zerowaste

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
      +1
  • View organization page for FEROINVEST DOO, graphic

    1,723 followers

    Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор 📌Сопственикот и управител на ЕМС (Energy Maintenance Solution), Тодор Анѓушев, учествуваше на Конференција на тема „Модернизација на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Северна Македонија“, каде говореше на панелот „Складирање на енергија – предизвици и можности за македонскиот, албанскиот и косовскиот енергетски сектор“. Конференцијата ја организираше Македонско-германското стопанско здружение, а под покровителство на германското министерство за економија. ℹ️ Фероинвест, ЕМС, Аквават и другите фирми од групацијата имаат долгогодишно исуство во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, и од страна на Тодор Анѓушев на панелот беа споделени корисни искуства и увиди од процесите преку кои се граделе електраните на групацијата, како и предизвиците кои стојат пред државата како дел од енергетската транзиција, при што акцентот се стави на имплементација на батериските системи. ✅ По конференцијата, остварени беа и посети од германски компании во седиштето на Фероинвест и ЕМС, каде тие се запознаа, пред се’, со управувањето на електраните од еден центар, нивното мониторирање 24 часа и организирано одржување на терен, без оглед дали станува збор за сопствени или за електрани на клиенти. ℹ️ Со германските компании беше разговарано за помошта која можат да ја понудат, преку имплементирање на модерни софтверски решенија од последната генерација, а кои ќе ја подобрат предвидливоста во производството на електрична енергија од обновливи извори. Производството од овие електрани зависи од временските прилики: сонце, ветер, врнежи итн., што го прави тешко за прецизно предвидување, а со тоа и за максимално искористување на нивната енергија. #feroinvest #EMS #conference

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ  и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет   ℹ️Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на FEROINVEST DOO и Brako DOO ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника. ✅️Инженерот Vojdan Andonov, говореше за примената на PLC (програмабилен логички управувач) во управувањето на батериските системи за складирање на електрична енергија, што претставува последниот производ на Фероинвест, на кој компанијата работеше две години и кој претставува решение за вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици. ✅️Инженер Filip Tashevski, ги изнесе системите и управувањето на најновото електрично возило за чистење на Грин Машинс на БРАКО, моделот GM720ze, кое исто така е развивано во последните две години и е во постапка на сертификација од страна на германскиот институт ТУВ. Возилото има управување на сите четири тркала, како и други напредни решенија, и се очекува да предизвика значаен импакт на пазарите каде се бараат модерни и незагадувачки технологии. ✅️Инженер Filip Andreski, изложи стручна презентација за значењето на  автоматизацијата при управување и мониторинг на малите хидроелектрани преку SCADA систем. Фероинвест е лидер во изградбата и одржување на мали хидроелектрани кај нас, а изведува проекти и за клиенти во други држави. 🤝ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО имаат континуирана стручна соработка со Машинскиот факултет во Скопје, работејќи на проекти за поддршка и развој, и на факултетот и на производните процеси во компанијата. #feroinvest #brako #masinskifakultetskopje #facultyofmechanicalengineering #mehatronics #20years #batterystorage #renewableenergy #smallhydropowerplants #electricalvehicles #sweepers #solarenergy

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
      +1
  • 📢ФЕРО ИНВЕСТ ВРАБОТУВА РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА 📌ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ 👉секојдневна комуникација со добавувачи, клиенти и проект менаџерите во компанијата, 👉изготвувања на барања за понуди и преговарање на цени, 👉осигурување на објекти, машини и набавени компоненти при транспорт, 👉изготвување на излезни фактури, 👉изготвување на налози, 👉изготвување на документација за плаќање, 👉заведување на документи. ✅ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 👉Кандидатот може да биде со високо или средно образование, предност имаат лицата од електро, машинска или економска струка, 👉Пожелно е искуство од најмалку 1 година како референт за набавки, 👉Солидно познавање на работа на компјутер (MS Office, Pantheon, Internet), 👉Солиднo познавање на Англискиот јазик, особено стручна терминологија поврзана со обновливи извори на енергија. 📧Сите заинтересирани кандидати може да го погледнат целиот оглас на специјализираната платформа за вработување на Kariera.mk на линкот: https://shorturl.at/duDnl или своите CV да ги испратат на press@feroinvest.mk. #feroinvest #vrabotuvanje #Kariera #employmentopportunities #procurement

    • No alternative text description for this image
  • 🤝Стручните екипи на Феро Инвест и ЕМС во рок од два месеци со успех ја завршија, ја пуштија во употреба и ја предадоа на Верополус груп фотонапонската електрична централа со инсталиран капацитет од 730 kW. ℹ️Електраната е поставена на кровот на Веро центарот во Скопје, а со нејзина инсталација инвеститорот до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце. ✅Освен реализација на проекти за обновливи извори, по принципот „клуч на рака“, Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени. 👇Погледнете го видеото 🎥 снимено со дрон и уверете се во професионалноста и квалитетот на изведените проекти на експертите од Феро Инвест и ЕМС. @vero_center #feroinvest #verocenter #verocenterskopje #renewableenergy #photovoltaicsystems #solarenergy #GreenEnergy #turnkeysolutions #BatteryStorage #electricity

  • ФЕРОИНВЕСТ ИЗГРАДИ ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРАНА НА ПОКРИВОТ НА ВЕРО ЦЕНТАР ℹВЕРО ЦЕНТАР доби кровна фотонапонска електрана благодарение на која до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце. 👉Веро центарот, кој е лоциран во центарот на Скопје, ќе ја користи кровната електрана за своите сопствени потреби, што беше основна идеја на инвеститорот кога се обрати до ФЕРОИНВЕСТ за изведување на проектот. ✅Електраната со инсталирана моќност од 730 kW е поставена и пуштена во пробна работа во рок од два месеци во текот на летниот период, во услови на топлотен бран, но со засилено темпо на работа од страна на инженерите и техничарите на ФЕРОИНВЕСТ и ЕМС, со цел клиентот да може што повеќе да искористи од периодот на поволно сончево зрачење за производство на електрична енергија. ♻️Со овој проект, компанијата Верополус Груп се постави во редот на еколошки ангажирани компании кои инвестираат во енергетски проекти значајни за енергетската транзиција на државата, и кои долгорочно носат финансиска заштеда за инвеститорот. ℹФЕРОИНВЕСТ нуди изградба на електрани од обновливи извори по принципот клуч на рака, односно од нивно проектирање, изградба, пуштање во употреба, па се до обезбеден откуп на енергијата и 24-часовен мониторинг и одржување на електраната. #feroinvest #verocenter #verocenterskopje #renewableenergy #photovoltaicsystems #GreenEnergy #turnkeysolutions #BatteryStorage #electricity

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
      +1
  • 🤝Стручните екипи на Феро Инвест и ЕМС со успех ја завршија, ја пуштија во употреба и ја предадоа на сопствениците фотонапонската електрана Лумос Груп, лоцирана во Ресен. ℹ️Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е составена од четири целини со вкупна инсталирана моќност од 4 MW. ✅Освен реализација на проекти за обновливи извори, по принципот „клуч на рака“, Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени. 👇Погледнете го видеото 🎥 снимено со дрон и уверете се во професионалноста и квалитетот на изведените проекти на експертите од Феро Инвест и ЕМС.

  • ФЕРОИНВЕСТ ПРОДОЛЖУВА СО ИЗГРАДБА НА ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ ЗА КЛИЕНТИ, ПУШТЕНА НОВА ВО РЕСЕН ℹНова фотонапонска електрана од 4 MW е пуштена во работа во близина на Ресен, изградена од ФЕРОИНВЕСТ за клиентот Лумос Груп од Ресен. ✅Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС. 🤝Инвеститорот, ресенска фирма Лумос Груп, која инвестира во обновливи извори, е посветен на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на ФЕРО ИНВЕСТ како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години. 👉Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени. ℹЗа своите клиенти, ФЕРОИНВЕСТ почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици. #feroinvest #renewableenergy #photovoltaicsystems #GreenEnergy #turnkeysolutions #BatteryStorage #electricity #resen

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • View organization page for FEROINVEST DOO, graphic

    1,723 followers

    ФЕРОИНВЕСТ ПОЧНА СО ИЗВЕДБА НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ ЗА ДОМАЌИНСТВА, ДО 98% ПОМАЛИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА 📢ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинства, како начин за драстично намалување на месечните сметки за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка. 🔋⚡️Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектите стануваат независни од електричната мрежа и имат напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата. КАКО ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ? ✅️Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневно распоредување и целосно искористување на вишокот електричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголеми заштеди. Софтверското решение може да се примени на домаќинства, комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори. ☀️Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на ФЕРО ИНВЕСТ. ⚡️Решението обезбедува енергетска независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електрична енергија од мрежа, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда. ГОЛЕМИ ЗАШТЕДИ И ЕНЕРГЕТСКА НЕЗАВИСНОСТ 💶Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем со вклучено софтверското решение на ФЕРО ИНВЕСТ, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%. ✅️Нашата компанија веќе има инсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90% енергетски независни од мрежата. 👉Домаќинствата кои со својата потрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, а особено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, се домаќинствата кои ќе имаат најголема корист од батериските системи. ФЕРО ИНВЕСТ нуди батериски системи и за домаќинствата кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични панели, а за оние кои немаат, ФЕРО ИНВЕСТ нуди „клуч на рака” решение и изведба и за фотоволтаиците. 🌍Доколку сакате да дознаете повеќе за батериските системи на Феро Инвест посетете ја нашата веб страница https://lnkd.in/dyWDZFdQ

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
  • ФЕРО ИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ И БРАКО СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ЧИСТЕЊЕ НА ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО МЛАДОСТ – ЦИСТЕРНИТЕ НА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА БИОЕНТЕРПРАЈЗ ЗА ЕДЕН ДЕН ИЗВЛЕКОА 60 ТОНИ ОД ШТЕТНАТА МАТЕРИЈА ОД ЕЗЕРСКАТА ПОВРШИНА ℹ️По допрен глас од медиумите до сопствениците на БРАКО и ФЕРО ИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, кои имаат сопственост и во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, истите испратија цистерна за собирање на штетната материја која се наоѓа на површината на велешкото езеро Младост и нејзино пренесување во биогасната електрана за таму да се истури во т.н. дигестор на електраната каде се собира органски отпад, измет и силажа, а од кои материи во биотехнолошки процес понатаму се издвојува биогас. 📢,,Нашите инженери во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино утврдија дека штетната материја која го загадува велешко езеро може да биде употребена во процесот на производство на биогас. Но, не можеме веднаш и цела материја да ја собереме и употребиме, бидејќи таа е веќе полна со бактерии, врие и е активна, и не смее одеднаш да се стави преголема количина во системот на електраната бидејќи ќе направи проблем. Мораме да ја почитуваме технологија на производство на биогасот и соодносот на материи, кои мора да бидат дозирани за да биде производството безбедно, бидејќи станува збор за производство и насобирање гас кој гори“, појаснуваат од групацијата Феро Инвест. 📌„Ова наше вклучување во чистењето на Велешко езеро, кое е значајно оддалечено од биогасната електрана, за нас претставува општествена одговорност. Ние собираме отпад од блиските фарми околу електраната, бидејќи не е исплатливо да се носи суровина од подалеку, но превозот и сите издатоци за оваа акција за нас претставуваат помош за Велес, за граѓаните и за заштита на околината и водата во езерото, а ние и понатаму ќе продолжиме да помагаме”-велат од прес службата на компанијата ФЕРО ИНВЕСТ, во сопственост на Кочо Анѓушев. 👉Треба и да се знае дека откако ваквите материи ќе поминат низ технолошкиот процес во биогасната електрана и производството на електрична енергија, на крај како нус продукт излегува земјоделско ѓубриво и хумус, така што штетната материја која денес го загадува езерото ќе биде неутрализирана во еден затворен процес со нула отпад. Овој пример најдобро го покажува значењето на биогасните електрани во една економија, како производители на чиста електрична енергија и чистачи на отпадот, и се класичен пример на циркуларна економија. #feroinvest #centralinvest #Brako #bioenterprise #ezeromladost #Veles #socialresponsibility

    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image
    • No alternative text description for this image

Similar pages